Конституирано ново собрание на акционери на АД ЕСМ
Собранието на акционери на АД ЕСМ за дистрибуција и снабдуваoе со електрична енергија во државна сопственост, на 31.03.2006 година го донесе следниот заклучок:
1. На Владата на РМ и престанува својството на единствен акционер во Собранието на акционери на "Електростопанство на Македонија"АД за дистрибуција и снабдуваoе со електрична енергија во државна сопственост поради стекнуваoето на мнозинскиот пакет на акции од страна на ЕВН АГ Австрија.
2. Се конституира ново Собрание на "Електростопанство на Македонија АД за дистрибуција и снабдуваoе со електрична енергија во државна сопственост" на кое право на глас имаат следните акционери:
- ЕВН АГ Австрија, со право на глас 10 467 268 гласа;
- Влада на Република Македонија со право на глас 1 493 191 гласа;
- Влада на Република Македонија со ограничено право на 2 971 450 гласа
врз основа на член 5.3 од Договорот на терминска условна
купопродажба на акции потпишан помеfу Република Македонија и
ЕБОР- резервирани акции за ЕБОР.
Заклучокот влегува во сила со денот на донесуваoето.
Собранието на акционери на АД ЕСМ на денешната седница ги донесе и следните одлуки:
1. Во називот на "ЕСМ АД за дистрибуција и снабдуваoе со електрична енергија во државна сопственост", се брише референцата "во државна сопственост".
2. Отповикан е стариот Надзорен Одбор и именуван е нов во следниот состав:
. Билјана Чакмакова, независен член
. Dr. Gunther Hanslik, независен член
. Johannes Reindl, независен член
. Dr. Peter Layr, член
. Dr. Gunther Ofner, член
. Stefan Szyszkowitz, член
. Werner Casagrande, член
. Shovket Hazari, член
. Роберт Симоновски, член
Одлуките влегуваат во сила со денот на донесуваoето, а ќе се применуваат од 07.04.2006 година.
Превземи во формат .doc
|