На почеток


Стратегија

EVN AG е водечко и на берза котирано австриско претпријатие за енергија и инфраструктура со седиште во Долна Австрија, најголемата покраина во Австрија. EVN Групацијата врз основа на најмодерна инфраструктура на своите потрошувaчи им нуди струја, гас, топлина, вода, термичка преработка на ѓубре и други услуги “oд едно место”.

Како претпријатие во пораст, EVN AG настојува да партиципира и во динамичните можности за развој на Средна и Источна Европа. Со мнозинско учество во ЕВН Македонија АД, ERP Пловдив и ERP Стара Загора АД, три регионални компании од Југоисточна Европа за снабдување со електрична енергија, EVN AG зема успешно учество во приватизацијата на македонското и бугарското електростопанство.

EVN AG е активна во Австрија и во уште 11 земји од Средна и Источна Европа со постројки за преработка на вода и термичка обработка на ѓубре.