Во областа на производството EVN Групацијата располага со сопствени електроцентрали и со вкупен капацитет на производство од околу 1.500 MW. Покрај трите калорични електроцентрали EVN AG оперира и со уште пет резервни електроцентрали и 62 мали хидроцентрали како и повеќе ветерници. Производството во калоричните електроцентрали се врши врз основа на земјен гас, а дополнително ќе бидат воведени камен јаглен и нафта.
|