На почеток


Вода

Бизнисот со вода во минатите деловни години се разви во важна стратешка основа во EVN.

evn wasser

Со преземањето на evn wasser, EVN AG може значително да го прошири портофолиото со понуди и во областа на јавниот сервис и со тоа да го зајакне профилот на Multi-Service Utility. Истовремено се отвoра и можноста за искористување на синергии. evn wasser во долна Австрија со вода за пиење индиректно снабдува околу 468.000 жители, што значи отприлика третина од населението.
www.evnwasser.at

WTE Група

Следниот значаен чекор во областа на водата ќе биде преземањето на WTE Wassertechnik GmbH (WTE). WTE е водечко европско претпријатие од областа на прочистување на водата за пиење и на отпадните води, кое планира, гради, финансира и раководи со прилагодување на комунална и индустриска вода и отпадна вода. Добро се етаблираше како специјалист за средно големи проекти (до 1 мил. жители) и како партнер на градови, општини и индустрии во Австрија, Германија и во идниот пазар од Централна и Источна Европа. Освен во Австрија WTE денес е активен и во уште 11 други држави, членки на Европска Унија како и од Средна и Источна Европа. WTE поседува скоро 70 постројки за прочистување наменети за околу 8,5 мил. жители, а претпријатието управува и со 13 од нив.
www.wte.at