На почеток


Кариера

Насочени кон исполнување на очекувањата на нашите корисници и испорака на квалитетна услуга, имајќи ги предвид нашите мисија и цели, како и предизвиците кои ги носи либерализацијата на европскиот енергетски пазар, нашите вработени претставуваат еден од нашите најзначајни ресурси.

EVN Македонија е компанија со амбициозни цели за кои ни се потребни иновативни луѓе со визија, подготвени за нови предизвици и потфати, способни да одлучуваат и спремни да превземаат одговорност, луѓе ориентирани кон остварување на поставените задачи преку примена на свои идеи и знаења.

Ние нудиме можности за обука, дообука и едукативен и личен развој, стекнување искуство, како изградба и напредок во кариерата во една исклучително професионална и пријатна работна атмосфера со истакнат натпреварувачки и тимски дух.

Вашиот успех е и наш успех. Бидете дел од EVN Македонија АД.

Предвизиците, придобивките, иднината - оставаме на Вас!!!

Доколку сте заинтересирани за кариера во EVN Македонија АД Скопје, испратете ја вашата куса биографија - CV, заедно со придружно писмо (на македонски и на англиски јазик) каде што ќе ја назначите работната позиција за која аплицирате, односно областа во која би сакале да работите и задолжителна фотографија на следниот e-mail: jobs@evn.mk .. Доколку конкурирате за конкретен оглас, тогаш назначете во предметот за кое работно место се пријавувате. Вашите податоци ќе бидат третирани со најстрога дискреција. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

Ги замолуваме сите заинтересирани кои ќе испратат барање да ја пополнат изјавата за лични податоци подолу и да ни ја испратат заедно со барањето, доколку се согласувате Вашите податоци да се чуваат во Одделот за човечки ресурси и организација. Во спротивно, после обработката, тие ќе бидат избришани / уништени, согласно со Законот за заштита на лични податоци. Сите добиени податоци ќе се чуваат во Одделот за човечки ресурси и организација и ќе се обработуваат единствено за потребите на процесот за регрутација и селекција на кадар.

Изјава за лични податоци

Кариера во EVN Македонија

Trainees 2012