На почеток


Прес - 31.03.2006

Конституирано ново собрание на акционери на   АД ЕСМ

Собранието на акционери на АД ЕСМ за дистрибуција и снабдување со електрична енергија во државна сопственост, на 31.03.2006 година го донесе следниот заклучок:

1. На Владата на РМ и престанува својството на единствен акционер во Собранието на акционери на „Електростопанство на Македонија“АД за дистрибуција и снабдување со електрична енергија во државна сопственост поради стекнувањето на мнозинскиот пакет на акции од страна на EVN AG Австрија.

2. Се конституира ново Собрание на „Електростопанство на Македонија АД за дистрибуција и снабдување со електрична енергија во државна сопственост“ на кое право на глас имаат следните акционери:

- EVN AG Австрија, со право на глас 10 467 268 гласа;
- Влада на Република Македонија со право на глас 1 493 191 гласа;
- Влада на Република Македонија со ограничено право на 2 971 450 гласа
врз основа на член 5.3 од Договорот на терминска условна
купопродажба на акции потпишан помеѓу Република Македонија и
ЕБОР- резервирани акции за ЕБОР.

Заклучокот влегува во сила со денот на донесувањето.

Собранието на акционери на АД ЕСМ на денешната седница ги донесе и следните одлуки:

1. Во називот на „ЕСМ АД за дистрибуција и снабдување со електрична енергија во државна сопственост“, се брише референцата „во државна сопственост“.
2. Отповикан е стариот Надзорен Одбор и именуван е нов во следниот состав:
• Билјана Чакмакова, независен член
• Dr. Gunther Hanslik, независен член
• Johannes Reindl, независен член
• Dr. Peter Layr, член
• Dr. Gunther Ofner, член
• Stefan Szyszkowitz, член
• Werner Casagrande, член
• Shovket Hazari, член
• Роберт Симоновски, член

Одлуките влегуваат во сила со денот на донесувањето, а ќе се применуваат од 07.04.2006 година.

Превземи во формат .doc

<<<