На почеток


Прес - 11.05.2007

Решен долгот на Македонски Железници кон ЕСМ- компаниите потпишаа договор за плаќање на рати

АД ЕСМ и ЈП “Македонски Железници” потпишаа договор за враќање на заостанатиот долг за електрична енергија преку плаќање на рати. ЈП “Македонски Железници” се обврза предвидените рати согласно договорот да ги плаќа редовно. Менаџментот на ЕСМ изразува задоволство од последниот тек на настаните.
„Ова прашање беше товар за двете страни и неговото решавање е голем чекор напред за соработка меѓу двете компании“ изјави Георг Валднер, Претседателот на УО на АД ЕСМ при потпишување на договорот.

Превземи во формат .doc

<<<