Практикантска работа во ЕВН Македонија. Почна проектот „ЛЕТО 2010“
Триесет и три практиканти, поделени во три групи во летниот период ќе бидат ангажирани во работните процеси во различни оддели во компанијата.
Целта на овој проект, кој втора година по ред го спроведува EVN Македонија, е стекнување на практично искуство коe им недостига на младите и перспективни кадри.
Практикантите се млади лица на возраст до 27 години, кои ја завршуваат претпоследната или последната година од школувањето, дипломираните и оние кои се на постдипломски студии, што воедно беа и критериуми за учество во проeктот.
„Највредно во нашата компанија се човечките ресурси. EVN Македонија посветува особено внимание на обуката на младите и талентирани кадри, со што истовремено го помагаме и образовниот процес во земјата“, рече г-дин Вернер Хенгст, Претседател на Управниот Одбор на EVN Македонија.
Практикантите имаа можност да се запознаат со програмата преку брошури, интернет страната на EVN Македонија, електронскиот саем за кариера и веб порталот „Моја кариера“, како и преку дописи до државните и приватните факултети во Македонија.
Низ практичната работа, студентите ќе ги води ментор, лице определно да обезбеди вовед на практикантот во работната средина и запознавање со правилата и процесите во компанијата.
Превземи во формат .doc |