На почеток


Прес - 07.07.2010

EVN Македонија со двојно зголемено производство од малите ХЕЦ

Во првите шест месеци од годината, EVN Македонија регистрираше речиси 100% поголемо производство на електрична енергија од малите хидроцентрали, во однос на истиот период лани.
Само во првата половина од 2010 година, производството изнесува околу 150 милиони киловат часови, колку што било производството на електрична енергија во текот на целата 2009 година.

Ваквата состојба се должи на поволната хидролошка состојба, на ревитализацијата на малите хидроцентрали согласно РОТ договорот со чешки Хидропол, воведувањето на модерна технологија, зголемување на ефикасноста кај сите мали хидроцентрали и зголемениот инсталиран капацитет кај ХЕЦ Матка и ХЕЦ Пена.

Производството на енергија од обновливи извори е стратешка цел на EVN Македонија за заштита на животната средина со имплементирање на сите европски еколошки стандарди.

Рекордни резултати се регистрираа и за цела 2009 година, која се заврши со 150 милиони KWh произведена електрична енергија од малите хидроцентрали на EVN Македонија, што е, пак, повеќе за 50% од просекот во минатата деценија.

Превземи во формат .doc