Далечинско управување за посигурно снабдување со електрична енергија
во Источна Македонија
EVN Македонија ја вклучи 110 kV трафостаница „Делчево“ во централниот систем за далечинско управување на високо и среднонапонската електроенергетска мрежа. Со тоа, како и со зголемување на мобилноста на екипите во Беровско и Македонска Каменица, се подобрува сигурноста во управување со мрежата во источниот дел на земјава.
Со софистицираниот СКАДА систем овозможено е постојано далечинско набљудување на работата на трафостаниците, преглед на оптоварувањата во секој момент, реагирањето на заштитите, како и контрола на прекинувачите. Тоа овозможува помалите прекини во снабдувањето со електрична енергија да бидат санирани веднаш, а времето за лоцирање на поголемите прекини да се сведе на минимум.
Во моментот далечински се управуваат скопските трафостаници на високо и средно напонско ниво, како и 110 kV трафостаница „Теарце“. По Делчево, наскоро во системот ќе бидат влучени и 110kv трафостаници „Полог“ – гостиварско и „Овче поле“ – штипско.
Постепено и другите регионални трафостаници ќе бидат вклучени во централниот систем на далечинско управување. На тој начин целосно ќе се подобри отстранувањето на дефектите и контролата на дистрибутивната мрежа во земјава.
Превземи во формат .doc |