Двојно намалени несреќите при работа во EVN Македонија
Во првата половина од годината, EVN Македонија регистрираше намалени несреќи при работа под напон за околу 50 проценти во однос на истиот период лани. Причина за ова се извршените обуки за правилна употреба и користење на заштитни средства и опрема, зголемените мерки за безбедност при работа и набавените заштитни средства согласно европските норми и стандарди.
Во поголемиот дел пак од несреќите кој се случиле главна причина се други фактори или невнимание.
Поради специфичноста на работата, EVN Македонија за своите вработени кои имаат допир со електрична енергија, изминатиот период инвестираше во нивна заштита преку набавка на заштитни одела, електроизолациони шлемови и алат, како и многу друг неопходен материјал за безбедно работење и пристап до напонски места.
Во интерес на заштитата при работа се формираше и Центар за обука за работа под напон во Македонски Брод каде вработените на EVN Македонија посетуваат специјални обуки за ракување со опрема под напон. За една година од формирањето на центарот обуката ја минале над 800 вработени во компанијата. Со сите овие активности EVN Македонија во целост го почитува и применува Законот за безбедност и здравје при работа .
Превземи во формат .doc |