На почеток

Прес - 21.09.2010

EVN EVN Македонија ја реконстрира дистрибутивната мрежа во Прилепско

EVN Македонија во изминатите три месеци целосно реконструираше 8 трафостаници на 10 kV напонско ниво во Прилеп, приградските населби и села, со што се доби двојно зголемен капацитет на истите. Со ова се подобрени напонските прилики и сигурноста во снабдувањето со електрична енергија за 15 000 жители од селата Десово, Обршани и Свето Тодори, како и викенд населбите во близина на Прилеп.

Покрај зајакнување на постоечките, беше изградена и нова трафостаница во с. Житоше за потребите на средното училиште во ова населено место, а реконструирана е нисконапонската мрежа во населбата Тризла ( Дебој). Во текот на летото EVN Македонија во овој реон продолжи со активностите за менување на старите и дотраени дрвени столбови со нови бетонски со што беа заменети над 150 на ниско и среднонапонско ниво. Во соработка,пак, со локалната самоуправа реконструирана е и мрежата во центарот на Прилеп.  
За изградба на трафостаници, зајакнување на постоечките, како и за реконструкција на дистрибутивната мрежа во реонот на град Прилеп, EVN Македонија инвестираше половина милион евра. Пред стартот на зимскиот период EVN Македонија низ целата земја интензивно работи на подобрување на напонските прилики, реконструирање и модернизирање на мрежата, како и елиминирање на сите критични точки.