На почеток


Прес - 17.05.2007

АД ЕСМ и АД Отекс потпишаа договор за плаќање на рати - Фабриката
повторно доби електрична енергија

АД Отекс-Охрид се обврза да го плаќа заостанатиот долг за електрична енергија на рати.
ЕСМ го поздравува изнајденото решение помеѓу двете компании.
„ Среќни сме со ова решение не само поради шансата да се затвори побарувањето на ЕСМ од Отекс, туку и поради фактот што 750 вработени по три месечна пауза повторно ќе се вратат на работа“ изјави Георг Валднер, Претседател на УО на АД ЕСМ.
И менаџментот на Отекс изрази задоволство од потпишувањето на договорот „Станува збор за еден поголем долг кој можеше да ја доведе фабриката во стечај. Благодариме на разбирањето од страна на ЕСМ-EVN и понудените поволни услови за плаќање на рати“ рече извршниот директор на Отекс, Владимир Шуменковски.
ЕСМ очекува дека Отекс ќе ја почитува договорената динамика на плаќање.

Превземи во формат .doc

<<<