На почеток


Прес - 09.04.2011

Избрани првите добитници од лотаријата на ЕВН Македонија
„Чиста сметка, долга листа награди“

Во првото коло од пролетната лотарија на ЕВН Македонија наменета за корисниците кои редовно си ги плаќаат сметките за електрична енергија јавно беа доделени 108 награди. Среќните добитници добија ЛЦД телевизори, правосмукалки и пакети со енергетско ефикасно сијалици, како и брошури со совети за штедење на електрична енергија.

Победниците ќе бидат објавени во среда (13.04.2011) во некои од дневните весници, а видео материјалот од извлекувањето, како и деталната листа на победници, ќе бидат поставени на веб страната на ЕВН Македонија, во понеделник (11.04.2011).
Истовремено, претставници на ЕВН Македонија ќе ги контактираат сите добитници, на кои ќе им биде врачена наградата.

Главните награди (3-те телевизори) се паднаа во Штип, Тетово и Битола.
Извлекувањето беше по случаен избор, а за регуларноста се грижеше стручна комисија. Право на учество имаа сите корисници кои редовно ги плаќаат сметките за електрична енергија и немаат никаков отворен долг за последните 12 месеци.

Следното извлекување е на 7 Мај со главна награда фрижидери, а последното од овој циклус на 4 јуни кога ќе се доделуваат и машини за перење. ЕВН Македонија им посакува среќа на сите редовни корисници да добијат некоја од вредните енергетско ефикасни апарати.


Превземи
во формат .doc