ЕСМ-EVN ќе гради трафостаница и далекувод за Слободната
економска зона „Бунарџик“
ЕСМ и Владата на РМ склучија договор за изградба на енергетски објекти во технолошко-индустриската развојна зона „Бунарџик“.
Со тоа ЕСМ-EVN Macedonia ќе започне со градба на 110 кВ ТС Бунарџик и приклучен 110 кВ далекувод.
Оваа инвестиција на АД ЕСМ вредна над 4 милиони евра ќе обезбеди квалитетно и сигурно снабдување на сите инвестиции предвидени во „Слободната економска зона“, како и на околните населби Илинден, селата, Белимбегово, Бунарџик, Ајватовци, Бујковци, Миладиновци, Мралино, Марино, Арачиново и други.
По повод овој настан Претседателот на УО на АД ЕСМ Георг Валднер истакна: „ Се надеваме дека и други компании ќе го следат примерот на Џонсон Контролс и ќе придонесат за економски раст и креирање нови работни места.
Основниот бизнис на EVN исто така вклучува и снабдување со гас. Од тие причини подготвени сме да го обезбедиме „Бунарџик“ и со природен гас“.
Превземи во формат .doc
|