На почеток


Прес - 04.06.2011

Доделени последните награди во пролетната лотарија на ЕВН Македонија

Заврши наградната игра „Чиста сметка, долга листа награди“ која ЕВН Македонија ја организираше за корисниците кои редовно ги плаќаат сметките за електрична енергија. Во последното трето извлекување беа доделени 108 награди, а најсреќните добија машини за перење, пегли и 100 пакети со штедливи светилки. Главните награди (3 машини за перење) паднаа во Прилеп, Крива Паланка и Скопје.
Извлекувањето беше по случаен избор, а за регуларноста се грижеше стручна комисија. Право на учество имаа сите корисници кои редовно ги плаќаат сметките за електрична енергија и немаат никаков отворен долг за последните 12 месеци.
Победниците ќе бидат објавени во среда (08.06.2011) во некои од дневните весници, а видео материјалот од извлекувањето, како и деталната листа на победници, ќе бидат поставени на веб страната на ЕВН Македонија, во вторник (07.05.2011). Истовремено, претставници на ЕВН Македонија ќе ги контактираат сите добитници, на кои ќе им биде врачена наградата.

ЕВН Македонија ја награди довербата на своите корисници. Во големата наградна игра беа доделени вкупно 324 награди меѓу кои главните: телевизори, фрижидер, шпорети, правосмукалки, микробранови печки и пегли завршија кај најсрекните корисници од од повеќе населени места во Македонија.

Пролетната лотарија на ЕВН Македонија заврши, но тука не е крајот на изненадувањата кои компанијата постојано ги има за своите корисници. Довербата ја градиме заедно, корисниците со редовното плаќање на сметките и ЕВН со сите поволности, наградни игри и изненадувања кои ги подготвува за нив.


Превземи
во формат .doc