На почеток


Прес - 13.06.2007

ЕСМ-EVN инвестициja за квалитетно снабдување со електрична енергија
Поставен камен темелникот на новата 110 кВ трафостаница „Драчево“


ЕСМ-EVN ги удри темелите на новата 110кВ трафостаница „Драчево“. Оваа инвестиција ќе придонесе постоечката 35/10кВ трафостаница што се наоѓа на истата локација да прерасне на 110кВ напонско ниво со најсовремена опрема за заштита и управување. Инвестицијата е вредна 3,2 милиони евра и целосно ќе биде покриена од страна на компанијата.
Новата модерна трафостаница ќе придонесе за подобро снабдување со електрична енергија во повеќе населени места: населбата Драчево, индустриската зона Пинтија, селата Драчево, Студеничани, Батинци, Лисиче, Љубош, други.
Каменик темелникот симболично беше поставен од страна на Претседателот на Управниот Одбор на АД ЕСМ, Георг Валднер.
„Новата трафостаница ќе придонесе значително подобрување на снабдувањето со електрична енергија во југоисточниот дел од Скопје. Инвестицијата ќе обезбеди квалитетно и доверливо снабдување на постоечките 35 000 потрошувачи, како и можност за двојно повеќе нови приклучоци вклучувајќи и индустриски потрошувачи“-истакна Валднер. Тој додаде дека со денешниот настан ЕСМ-EVN ја најавува пролетната инвестициона офанзива во која влегуваат неколку големи проекти за решавање на напонските состојби во дистрибутивната мрежа.

Превземи во формат .doc

<<<