На почеток


Прес - 26.10.2011

EVN Македонија наградена за проектот енергетска ефикасност  

EVN Македонија  доби  признаниe за општествено одговорни практики за 2010 година во категоријата односи на пазарот со корисници на тема енергетска ефикасност. Националната награда ја додели Министерството за економија, заедно со координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата подржано од Европската Унијa.

Министерот за економија, Ваљон Сарачини, исткана дека се повеќе расте интересот за општествени практитки не само кај деловните субјекти, туку и кај јавниот и граѓанскиот сектор и кај пошироката јавност. „Практиките доаѓаат оид мултинационалните компании кои го шират својот бизнис во Македонија. Тоа не е концепт само на деловното работење, туку на современото живеење “,  изјави Сарачини

„Енергетската ефикасност е трајна заложба на ЕВН Македонија, па затоа постојано се посветува внимание за едукација на корисниците, почнувајќи од најмладите преку Училишниот проект, па се до сите категории корисници преку масовна комуникација. Ова признание е само потврда дека одредени активности се прават во вистинска насока.“, изјави  Ленче Карпузовска, раководител на оддел за комуникации во ЕВН Македонија.

Наградите за општествено одговорни практики на компаниите се доделуваа по четврти пат, а годинава во конкуренција беа 63 проекти на 38 претпријатија. EVN Македонија веќе трета година по ред добива награди и признанија  во различни категории за општествено одговорни практики, како што се проектите за обезбедување практикантска работа, донација на опрема за очната клиника во Скопје, формирање контакт центар за корисници, проект за заштита на штрковите и други награди за вложување во заедницата.


Превземи
во формат .doc