На почеток


Прес - 11.07.2007

Ревитализирана нисконапонска мрежа во Старо Нагоричане


ЕСМ денеска официјално ја пушти во употреба обновената дистрибутивна мрежа во општина Старо Нагоричане. Ревитализирана е нисконапонска мрежа од 2000 метри, изграден дополнителен нов извод од 400 метри и вградени се 45 бетонски столба. Овој прв сериозен зафат на мрежата, стара 50 години, е од големо значење за потрошувачите од оваа општина поради лошите напонски прилики во изминатиот период и изразената динамика за брз развој на општината.
„Обновената мрежа е само мал дел од се она што следува во овој регион. Согласно инвестиционата програма на ЕСМ, за кумановско-липковскиот регион годинава се предвидени околу половина милион евра за подобрување на квалитетот на електрична енергија“ - изјави Карл Хајнц Грасман, Заменик претседател на УО на АД ЕСМ.
Целта на ЕСМ-EVN е да обезбеди модерно дистрибуирање на електрична енергија во цела Македонија. Модерното снабдување е предуслов за економски раст и развој и за отворање нови работни места.
Во фаза сме на реализација на најголемата инвестициона програма во историјата на ЕСМ вредна 43 милиони евра. Досега половина од тие средства се врзани во конкретни проекти на сите напонски нивоа кои се во својата почетна или завршна фаза.

Превземи во формат .doc

<<<