На почеток


Прес - 07.08.2007

ЕСМ-EVN ја заштити приватноста на сметките за електрична енергија
Износот за потрошена електрична енергија отсега познат само за корисникот на броилото

Од минатиот месец сметките за електрична енергија ЕСМ-EVN ги испраќа во затворен облик. Ваквите активности на компанијата се согласно Законот за заштита на податоци. Имено, сметките за електрична енергија се изготвуваат на посебен образец "data mailer" со кој износите за потрошена електрична енергија не се достапни за други лица, освен за сопственикот на броилото.
На првиот (видлив) дел од овој образец се истакнати основните податоци: име и презиме, адреса, број на сметката, месецот и годината за кој се однесува сметката, како и датумот за доспеаност за плаќање. На истиот горен дел стои и пораката до потрошувачите за разумно користење на електричната енергија.
На вториот, заштитениот дел од сметката се содржани сите податоци кои не треба да бидат достапни за други лица освен за потрошувачот за кој е неменета пресметката: број на броило, претходна состојба во киловати, сегашна состојба во киловати, потрошени киловати за соодветниот месец, износ во денари, пресметана камата за претходниот период, вклучен ДДВ, комуналната такса наменета за општините, како и вкупен износ за плакање. на овој дел од сметката стои и известувањето до потрошувачот за износот на вкупниот долг, кој доколку не биде платен ќе биде исклучен од електричната мрежа.

Превземи во формат .doc

<<<