ЕСМ со нови возила и опрема за ефективна теренска работа
ЕСМ континуирано работи на подобрување на тековната работа преку модернизација на компанијата. Во таа насока набавени се нови 150 теренски возила и нова опрема со зголемена заштита при работа.
Обновувањето на возниот парк има за цел да ја направи поефикасна и поажурна работата на терен во интерес на потрошувачите на електрична енергија. Ова значително ќе придонесе за побрзи интервенции при дефекти, како и за навремено пристигнување до непристапните места каде има поголеми тешкотии при отклонување на дефектите.
Превземи во формат .doc
|