На почеток


Прес - 12.09.2007

Реализирани инвестиции на ЕСМ-EVN

ЕСМ-EVN во моментов ги остварува најголемите инвестиции во дистрибутивната мрежа во историјата на компанијата.
Минатата недела, менаџерскиот тим на АД ЕСМ ги презентираше резултатите на Надзорниот Одбор од инвестиционата програма за подобрување на дистрибуцискиот систем во Република Македонија. Билансот ги покажува бројните проекти кои значително ги унапредуваат стандардите. Од пристигнувањето на EVN во април 2006, во употреба се пуштени нови изградени 171 трансформатори, изградени 3 нови 110 кВ трафостаници, изградена е 170 километри мрежа на среден напон, како и 150 километри мрежа на низок напон.
Почнаа и низа значајни проекти како што се трафостаниците во Струмица, Кичево, Илинден, Битпазар, Скопје Центар, Гостиварски Полог, Куманово и Скопје Запад и Југ. Исто така, се започна со изградба на 110 kV трафостаници во Теарце, Драчево, Петровец, Бунарџик, Кавадарци и Гевгелија. Дополнително, во изградба се и 85 трансформатори, 185 километри мрежа на среден напон и 90 километри мрежа на низок напон. Компанијата имаше големи вложувања во автоматизацијата, информатичката инфраструктура и во неопходната телекомуникациска мрежа.

“Како што вети, EVN ќе ги реализира инвестициите со вкупна сума од 96 милиони евра во дистрибутивната мрежа со што ќе се подобри квалитетот на снабдувањето со електрична енергија во државата“, изјави заменикот на Претседателот на Управен Одбор на АД ЕСМ Карл Хајнц Грасман.
„Многу сме задоволни од тоа што Надзорниот Одбор на ЕСМ ни даде зелено светло за продолжување со започнатите инвестициони проекти кои се дел од инвестиционата програма. За жал, некои од главните проекти не може да бидат остварени поради административни процеси во кои беа инволвирани државни институции кои предизвикаа одолговлекување на реализацијата на проектите, особено 110 kV трафостаници Петровец, Драчево, Виница, Кавадарци, Валандово и Теарце”.

Посебен проблем е тоа што ЕСМ не може да отпочне со веќе планираниот проект за промена на броилата од 2006 како последица од фактот дека отворените правни прашања се’ уште не се решени.За да се планира идниот развој на дистрибутивната мрежа согласно најмодерните Европски стандарди, EVN има побарано три основни експертски студии, првaта е “Мрежа 2002”, втората, “Технички предлог за подобрување на квалитетот на снабдувањето” и на третата “Предлог за намалување на загубите”.

“Длабоко жалиме поради блокадата на веќе утврдените проекти и инвестиции кои се предизвикани од административни и правни прашања/проблеми. Колку порано тие бидат решени толку побрзо ќе се реализираат и инвестициите”- изјавува Георг Валднер, Претседател на УО на АД ЕСМ.

Превземи во формат .doc

<<<