Одржана првата седница на надзорниот одбор на АД ЕСМ по приватизацијата на компанијата
Надзорниот Одбор на ЕСМ АД за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје, на својата прва седница одржана на 07.04.2006 година ги донесе следните одлуки:
- За претседател на Надзорен Одбор на АД ЕСМ е именуван д-р Петер Лајр, дипломиран електро инженер, државјанин на Австрија
- Отповикан е стариот Управен Одбор и именуван нов во следниот состав:
- Георг Валднер, претседател на УО
(магистaр по економија и политички науки, државјанин на Австрија)
- Карл Хајнц Грасман, заменик - претседател на УО
(дипломиран економист, државјанин на Австрија)
- Илија Спировски, член на УО
(дипломиран електро инженер, државјанин на РМ)
- Претседателот на Надзорниот Одбор е овластен да склучува Договори со членовите на Управниот одбор
Одлуките влегуваат во сила со денот на донесувањето.
Превземи во формат.doc |