На почеток


Прес - 28.09.2007

ЕСМ-ЕВН го реализираше првиот пилот проект за менување на стари броила. Проектот беше направен по случаен избор на ул. „Ибе Паликуќа“ во Куманово, каде на педесетина потрошувачи им беа сменети старите броила и беа поставени нови во специјално разводни ормари. Новиот проект овозможува почитување на правото на потрошувачот да не биде вознемируван при читање или контрола на броила од страна на службите на ЕСМ-ЕВН, бидејќи новите броила се поставени надвор од приватен имот. Со тоа се заштитува приватноста на потрошувачите и се овозможува преглед на состојбата на броилата во нивно отсуство. Ова е дел од програмата на ЕСМ-ЕВН со која треба да се заменат и стандардизираат броилата на сите наши потрошувачи.
"Тие ќе добијат модерна мрежа, без чести дефекти и квалитетно снабдување, а манипулациите со броилата се сведуваат на минимум. Вредноста на првиот пилот проект изнесува 30 000 евра. Во иднина овие активности ќе продолжат на нови на целата држава, каде со одредена долгорочна динамика ќе се заменат сите постоечки броила, согласно стандардите на Европската Унија." - изјави г-дин Георг Валднер Претседател на Управен Одбор на АД ЕСМ.

Превземи во формат .doc

<<<