На почеток


Прес - 04.10.2007

Почнаа обуката и тренинзите на ЕВН Македонија Академијата

АД ЕСМ официјално ја отвори Академијата во која сите вработени во компанијата ќе имаат можност да ги усовршуваат своите знаења. Целта на ЕВН Македонија Академијата е да создава, надоградува и да го негува знаењето во компанијата.
На самиот старт се пријавени 1500 вработени кои ќе се надоградуваат на полето на јазиците, комјутерските вештини, како и тренинзи за технички вештини. Различни менаџмент и комуникациски тренинзи како на пример презентациски вештини, водство, ораторство и меѓуперсонални тренинзи ќе бидат дел од столбот за фини вештини.
Сето тоа е во насока на задоволување на потребите и очекувањата на потрошувачите и стремежите за постојана надградба на вработените. „ Нашата крајна цел е АД ЕСМ да прерасне во најдобрата компанија во Македонија. Тоа планираме да го оствариме преку високомотивирани и компетентни човечки ресурси и преку имплементирање на Европски стандарди во работењето“ рече Георг Валднер, Претседателот на УО на АД ЕСМ.
Академијата е организирана на тој начин што сите теми се структурирани во најразлични курсеви, семинари и работилници.Обуките ги вклучуваат сите вработени во компанијата и овој образовен бран ќе иницира и ќе го поттикне градењето и размената на знаење низ сите нивоа во организацијата

Превземи во формат .doc

<<<