ЕСМ-ЕВН ЗАПОЧНА СО ГОЛЕМ УЧИЛИШЕН ПРОЕКТ ЗА ЕНЕРГИЈA
Со големо задоволство ве информираме дека ЕСМ-ЕВН започна со реализација на големиот образовен проект за енергетика наменет за основните училишта во Република Македонија
„ ЕВН училишен сервис“.
Целта на овој проект е на децата да им се овозможи еден специјален дидактички метод на едукација соодветна на нивната возраст која опфаќа писмени и вербални елементи преку забава, игра и едукативни брошури.
Сличен проект веќе долго време се реализира од страна на ЕВН и во Австрија.
Проектот ги вклучува сите основни училишта во Македонија и претставува долгорочен проект кој моментално е фокусиран само на третите и четвртите одделенија токму поради неговата содржина која воедно одговара на нивната наставна програма.
„Со овој училишен сервис компанијата им се доближува на најмладите објаснувајќи им го значењето на електричната енергија“, рече Георг Валднер, Претседател на УО на АД ЕСМ-ЕВН.
Овој проект ќе им го претстави на учениците поимот ел.енергија и нејзината важност, како разумно да ја користат и ќе ги истакне нејзините опасности и ризици како и начинот за заштита од истите. Исто така, тој ќе придонесе и за подигнување на еколошката свест за заштита на природата и животната средина.
Досега се посетени неколку училишта во Охрид, Струмица, Струга и Скопје. Согласно планираното ќе бидат посетени 140 училишта до крајот на тековната учебна година 2007/08, а програмата продолжува и наредната учебна година. Проектот ги опфаќа децата од сите националности и сите јазици предвидени во наставните програми. Пријатно изненадени од посетата на ЕСМ-ЕВН беа и двете паралелки во кои учат деца со специјални потреби во едно охридско училиште.
Едукацијата со дидактички приод се одржува во училниците и е реализирана од страна на претставник од компанијата заедно со претставници на невладини организации.
ЕСМ-ЕВН сака да ја истакне заинтересираноста кон своите потрошувачи, а особено кон најмладите кои имаат најмалку познавање за ел.енергија.
Овој проект е одобрен од Министерството за образование и наука на Р.Македонија и наиде на многу добар прием од страна на децата како и наставниците.
За сите дополнителни информации, ве молиме посетете ја интернет страната www.kids.evn.com.mk каде што ќе можете да најдете подетални информации околу тековниот проект.
Превземи во формат .doc |