ЕСМ-ЕВН Македонија го поддржува владиниот проектот „Компјутер за секое дете“- Ја зголемува моќноста на енергетските објекти за средните
училишта низ Македонија
ЕСМ-ЕВН Македонија деновиве започна со физичка имплементација на проектот електрификација на средните училишта за енергетска поддршка на проектот „Компјутер за секое дете“. Забрзано се реконструираат енергетските објекти од кои се напојуваат 93 средни училишта низ Македонија со цел инсталирање на соодветна моќност.
Акцијата на ЕСМ-ЕВН се очекува да заврши до 15 декември годинава по што сите енергетски објекти ќе бидат подготвени за квалитетна испорака на бараната електрична енергија во училиштата.
Реконструкцијата чини околу 600 000 евра и целосно ќе биде покриена од страна на компанијата како донација за средните училишта.
„Со овој чин даваме целосна подршка на Министерството за образование непречено да го реализира проектот, а на учениците што побрзо да им се овозможи работа со компјутерите “, изјави Георг Валднер, Претседател на УО на ЕСМ-ЕВН Македонија.
Превземи во формат .doc
|