На почеток


Прес - 13.02.2008

ЕVN инвестиција: Нова трафостаница во општина Кисела Вода

EVN и општина Кисела Вода го решија долгогодишниот проблем на граѓаните од општината со дислокација на старата трафостаница на улица „Димо Хаџи Димов“ која претставуваше потенцијална опасност за граѓаните. Старата дотраена трафостаница беше урната денеска, а на безбедно место EVN Македонија изгради нова 1000 киловатна трафостаница со значително поголем капацитет од старата.  Со oваа EVN инвестиција се решаваат два проблема: се надмина потенцијалната опасност за околината и се обезбедува поквалитетно снабдување со електрична енергија.
Следна позначајна инвестиција во општина Кисела Вода се два нови 10кВ изводи кои ќе обезбедат квалитетна испорака на електрична енергија, како и развој на општината.
EVN ќе продолжи со своите инвестиции во сите региони, општини и населени места за подобрување на своите услуги. Тоа ќе се базира на неодамна потпишаниот Меморандум за разбирање со ЗЕЛС кој овозможува соработка со сите општини за подобрување на целата дистрибутивна мрежа.

Превземи во формат .doc

<<<