EVN Македонија изгради нова трафостаница во село Сејмениште-Општина Сарај
EVN Македонија денеска свечено ја пушти во употреба новата столбна 250 киловатна трафостаница во село Сејмениште-Општина Сарај со што ги подобри напонските прилики за домаќинствата во тој реон. Во иднина компанијата ќе ги реши проблемите на среднонапонското ниво на целокупната територија на Општина Сарај со зголемување на капацитетот на ТС 35/10 kV Сарај. Во Општина Сарај следи изградба на 250 киловатни трафостаници во с.Шишево и с.Бојане и ќе има првична реконструкција на нисконапонската мрежа во с.Грчец, с.Кондово, с.Горно и Долно Свиларе. Инвестиции во нисконапонска мрежа се предвидени и во останати села во регионот на Општина Сарај.
Превземи во формат .doc
|