Радиодифузната такса повеќе не е вклучена во сметките за електрична енергија
Со сметките за месец мај, радиодифузната такса повеќе не е дел од сметката за електрична енергија. Сметките за месец април, кои веќе се издадени на нашите корисници, се уште го содржат радиодифузниот надомест, но тие се последните такви сметки. Оваа јавна такса во иднина ќе ја наплатува приватна фирма, која трите субјекти (МРТ, Македонска радиодифузија и Советот за радиодифузија) ќе ја изберат преку јавен тендер. Оваа одлука е во согласност со членовите 147 и 148 од новиот Закон за радиодифузија. Ваквото решение е олеснителна околност при плаќање на сметките за електрична енергија, бидејќи претходно постоеше отпор за плаќање на оваа такса, поради што клиентите одбиваа да ги платат целите сметки.
Превземи во формат.doc |