На почеток


Прес - 14.02.2008

EVN Македонија и Хидропол потпишаа меѓусебна спогодба за брза и успешна ревитализација на малите хидроцентрали

Потпишаната спогодба предвидува разрешување на сите досегашни недоразбирања околу имплементацијата на РОТ договорот направен додека ЕСМ беше се уште под државна сопственост.  Договорот предвидува и дефинирање на нов временски план и обем на ревитализационите обврски за сите 7 мали хидроцентрали кои беа дадени под концесија во 2001 година.
„ Спогодбата е резултат на меѓусебниот  дијалог и добрата воља од двете страни за да се надминат сите недоразбирања од минатото. Новиот временски план за брза рехабилитација на 7-те мали ХЕЦ на EVN се особено неопходни во време кога се потребни големи инвестиции во производството на електрична енергија во РМ “ истакна г-дин Георг Валднер, Претседател на УО на EVN Македонија АД.

Во изминатите две години завршен е главниот дел од ревитализацијата на ХЕЦ Калиманци и ХЕЦ Пена. За еден месец следи пуштање во работа на ХЕЦ Песочани и ХЕЦ Сапунчица, а до крајот на есента 2008 целосно ќе завршат работите на ХЕЦ Матка. Согласно новата спогодба и останатите ХЕЦ Дошница и ХЕЦ Зрновци треба да се завршат до крајот на 2010 година. Новите ревитализирани централи ќе бидат со поголем капацитет и поголема ефикасност во  производството на електрична енергија.

Превземи во формат .doc

<<<