На почеток


Прес - 21.02.2008

ЕВН Македонија Академија:
Тренинзи за електротехничари – енергетичари

ЕВН Македонија Академијата мината недела почна со процесот на дошколување на вработени со основно или друго неелектро образование во формално средно стручно образование со образовен профил електротехничар – енергетичар.
Вработените ке посетуваат настава по сите технички предмети во форма на теоретска и практична настава како и консултативен принцип на настава за сите општообразовни предмети.

На крајот на секој месец вработените имаат право на полагање на три или помалку испити се до крајот на едукативниот процес.
Овој пилот проект е финансиран од страна на компанијата и истиот е планирано да продолжи континуирано и во следните години за сите заинтересирани вработени во компанијата кои имаат амбиции за дошколување во електро струка.

Превземи во формат .doc

<<<