На почеток


Прес - 29.02.2008

ЕВН Македонија со нови бенефиции за потрошувачите- рати за нередовните, награди за редовните потрошувачи

Сите потрошувачи кои имаат заостанат долг, им се нуди можност да го платат на рати, почнувајќи од 1 март 2008 година. За надоместување на долговите постојат следните можности:

Кај категоријата домаќинства, спогодба за плаќање на севкупниот долг на повеќе рати со камата, и тоа:
• до 6.000,00 денари 1 (една) рата
• од 6.001,00 денари до 15.000,00 денари 2 (две) рати
• од 15.001,00 денари до 30.000,00 денари 3 (три) рати
• повеќе од 30.000,00 денари 4 (четири) рати

Кај малите бизнис потрошувачи, спогодба за плаќање на севкупниот долг на повеќе рати со камата, и тоа:
• до 30.000,00 денари 1 (една) рата
• повеќе од 30.000,00 денари 2 (две) рати

Кај индустриските потрошувачи, има можност за спогодба за плаќање на севкупниот долг на една рата, без камата. Нема опција за плаќање на рати.

Плаќањето на рати на заостанатиот долг за електрична енергија се однесува за периодот од месец септември 2005 заклучно со последната добиена сметка.

Понудата за плаќање на рати важи од 1ви Март до 31 Мај 2008 година.
Доколку потрошувачот ( од било која категорија на потрошувачи) го подмири заостанатиот долг во целост наеднаш, се иззема каматата од вкупниот долг.

Истовремено ЕВН Македонија подготвува и нови награди за редовните потрошувачи почнувајќи од април.
Сите оние што редовно ќе ги платат сметките за електрична енергија од следниот месец можат да очекуваат нови изненадувања со лотаријата што ќе следи.

Превземи во формат .doc

<<<