На почеток


Прес - 18.03.2008

ЕВН Македонија го подобрува снабдувањето со електрична енергија во  главниот град

Два нови 110 kV трансформатора со зголемен капацитет се инсталираа во 110kV трафостаница „Запад“ во Скопје. Нивната вкупна моќност од 63 МВА (мегаволтампери) се зголеми на 80 МВА. Со оваа инвестиција се подобрува снабдувањето во западниот дел на Скопје, особено во населбите Капиштец, Тафталиџе, Нерези, делови од населбите Карпош и Влае, како и села од општина Кондово и Сарај кои се на 35kV напонско ниво.

Истовремено се врши замена на 110kV трансформатор во 110kV ТС „Гази Баба“ со зголемување на моќноста од 31,5 на 40МВА. Со тоа ќе се подобри снабдувањето во општина Гази Баба, Автокоманда и Железара, а се обезбедува резерва и за 10kV напонска линија.

Вкупната инвестиција за трите нови трансформатори изнесува 1,2 милиони евра и е целосно покриена од страна на компанијата. Со оваа инвестиција значително ќе се намалат прекините на електрична енергија и проблемите со напонските прилики.
Во интерес на потрошувачите, ЕВН Македонија и понатаму ќе инвестира во дистрибутивната мрежа.
Оваа инвестиција е дел од најголемата инвестициона програма во историјата на Македонија наменета за дистрибутивната мрежа и подобрување на услугите кон потрошувачите на електрична енергија.

Превземи во формат .doc

<<<