ЕСМ-ЕVN Македонија поднесе тужба против Решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата за изречување глоба за наплаќање на манипулативниот трошок
Користејќи го своето Уставно и законско право, ЕСМ-ЕVN Македонија денеска поднесе тужба до Управниот суд на РМ против Решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата за изречена глоба за наплаќање на манипулативниот трошок во сметките за електрична енергија.
Причините за оваа одлука на кои се повикува Комисијата е двојното наплаќање на манипулативниот трошок, еднаш во цената за електрична енергија и еднаш посебно издвоена во сметките за електрична енергија.
На оваа прекршочна постапка и претходеше управна постапка иницирана од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на 28-ми мај 2007. ЕСМ-ЕVN Македонија ги поднесе сите нужни документи во бараниот рок до Комисијата со објаснување дека манипулативниот трошок се наплатува врз основа на акт за кој Уставниот Суд на Република Македонија во 2001 година донел одлука дека е во согласност со закон.
Со цел да ги заштити своите права и интереси, ЕСМ-ЕVN Македонија на 5-ти октомври 2007 поднесе тужба како единствен правен инструмент за докажување на правото за наплаќање на овој трошок пред Управниот Суд на Република Македонија.
До овој момент Управниот суд не се произнел по тужбата на ЕСМ-ЕVN Македонија.
ЕСМ-ЕVN Македонија смета дека досега не е сторен прекршок со наплатата на овој трошок во сметките за електрична енергија и не постои основ за изрекување на глоба поради постоење на :
1. Одлука на Уставен суд кој оценил дека актот според кој се наплаќа манипулативниот трошок е во согласност со законот. Таквата одлука не се коментира, туку се извршува
2. Одлука за цена на електрична енергија која е утврдена од надлежен државен орган односно Регулаторната Комисија за енергетика
3. Дополнително, ЕСМ-ЕVN Македонија, обезбедува бесплатна услуга за локалната самоуправа преку прибирање на комуналната такса во сметките за електрична енергија.
ЕСМ-EVN Македонија е многу изненадена од ваквата одлука од страна на Комисијата пред да биде донесена одлука од Управниот Суд.
Поради тоа, ЕСМ-EVN Македонија ги презема сите правни мерки за да ги заштити своите права.
Превземи во формат .doc |