Стартува наградната игра на ЕВН Македонија за редовните потрошувачи
„Со секоја платена сметка поблиску до награда“
Во следните три месеци, почнувајќи од април, ЕВН Македонија приреди нови изненадувања за редовните потрошувачи.
Право на учество во наградната игра имаат сите потрошувачи на електрична енергија кои ја имаат платено последната добиена сметка (т.е. во првото извлекување, февруарската) и немаат никаков друг отворен долг кон ЕВН Македонија.
Во секое од трите кола ќе се извлекуваат по 3 ваучери за купување на апарати за домаќинство со висока енергетска ефикасност во вредност од 60 000 денари, по 30 ваучери за плаќање на електрична енергија во вредност од 5000 денари, како и 300 ваучери за плаќање на електрична енергија во вредност од 1000 денари.
Првото извлекување од наградната игра „Со секоја платена сметка поблиску до награда“, ќе се случи во недела, на 6.04.2008, во попладневната емисија на МРТВ „Седумка“.
Останатите две извлекувања следуваат на 4 Мај и 1 Јуни во истата емисија.
Добитниците на наградите во рок од три дена ќе бидат објавени и во дневниот весник Дневник, како и на www.evn.com.mk
Со пријателски поздрав,
Превземи во формат .doc |