EVN Македонија досега инвестираше 67 милиони евра
Во првиот квартал годинава EVN Македонија инвестираше нови 11 милиони евра или вкупно во последните две години 67 милиони евра за подобрување на дистрибутивната мрежа и инфраструктура.
За постигнување поголем квалитет во снабдувањето со електрична енергија изградени се нови 200, а реконструирани 105 трафостаници на сите напонски нивоа. Заменети се и 200 трансформатори кои беа постари од 40 години. Истовремено изградена е нова мрежа од 203 км на среден напон и 136 км на низок напон, а реконструирана 205 км на среден и 158 км дистрибутивна мрежа на низок напон.
EVN Македонија продолжува со нови инвестирања за остварување на целите ориентирани кон потрошувачите и задоволување на нивните потреби.
Превземи во формат .doc |