ЕВН Македонија со задоволство го објавува завршетокот на ревитализацијата на ХЕЦ Калиманци- првата автоматизирана хидро централа во ЕВН Македонија
Со целосната ревитализација и модернизација зголемена е ефикасност ХЕЦ Калиманци за 90%
Хидроелектричната централа (ХЕЦ) Калиманци е првата целосно авотматизирана хидро централа во ЕВН Македонија, што овозможува далечинско вклучување и исклучување во зависност од потребите на Електро енергетскиот систем. Автоматизацијата на ХЕЦ Калиманци е резултат на целосната ревитализаицја и модернизација која беше спроведена. Покрај целосната ревитализација и имплементирањето на новата опрема, ХЕЦ Калиманци работи и со зголемена инсталирана моќност за 1,2 MW. Наместо претходните 12, 6 MW, сега ХЕЦ Калиманци работи со инсталирана моќност од 13,8 MW.
ХЕЦ Калиманци е една од седумте мали хидроцентрали што се дадени под концесија на чешката компанија Хидропол, која има оврска да ги ревитализира и да менаџира со нив до 2011 година кога треба да ги предаде на ЕВН Македонија.
Како резултат на добрата соработка помеѓу двете компании Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Георг Валднер му додели Сертификат за успешно завршување на рехабилитацијата и модернизацијата на ХЕЦ Калиманци, на генералниот менаџер на Хидропол Јан Трошнар.
„ Со задоволство можам да констатирам дека нашиот партнерски однос со Хидропол, резултираше со една модерна хидроцентрала која ќе има големо значење за електро енергетскиот систем во овој регион. Освен тоа што е зголемена моќноста на ХЕЦ Калиманци, целосната ревитализација и модернизација ја зголеми нејзината ефикасност на 90%. Овој сертификат е знак на нашата успешна соработка и искрено се надевам дека и во иднина ќе продолжиме успешно да соработуваме во процесот на ревитализаицја и модернизација на седумте мали хидроцетнрали на ЕВН Македонија,„, рече Георг Валднер претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
ХЕЦ Калиманци е дел од хидро системот Брегалница, чија главна цел е акумулација на вода за наводнување. За да се искористи водата, изградена е ХЕЦ Калиманци, која е поврзана на Електро енергетската систем на 35 кВ мрежа.
Превземи во формат .doc |