Пуштена во употреба новата трафостаница Лакавица
Со задоволство Ве информираме дека градот Штип од денеска доби нова трафостаница, со капацитет за снабдување на околу 4 000 потрошувачи на електрична енергија.
Новоизградената трафостаница 35/10 кВ Лакавица Штип, е со инсталирана снага од 2x4 MWA и служи за примарно напојување на електрична енергија на потрошувачите од Лакавичкиот регион (15 села и неколку индустриски објекти). Новиот објект значително ќе го подобри снабдувањето во тој регион кој досега се напојуваше од 35/10 кВ Индустриска Штип, трафостаница лоцирана во градот.
Камен темелникот беше поставен на 13 јануари 2005 година, а во изградбата на објектот учествуваа повеќе домашни изведувачи. Целата инвестиција е обезбедена од сопствени средства на ЕСМ АД и чини околу 600,000 евра.
Новата трафостаница е лоцирана на 9-тиот километар од магистралниот пат Штип-Радовиш.
Во употреба симболично ја пушти претседателот на УО на ЕСМ АД , Георг Валднер кој потенцираше дека напорно ќе се работи на брзо модернизирање на компанијата нудејки им на клиентите соработка и заедничка иднина. „Електростопанство на Македонија како дел од EVN Group има примарна цел и понатаму да инвестира во нови проекти со цел квалитетно и сигурно снабдување со електрична енергија, секогаш во интерес на своите клиенти“ изјави Валднер.
Превземи во формат .doc
|