На почеток


Прес - 11.07.2008

EVN Македонија креираше 150 нови работни места.
Стартува “trainees” програмата за обука на млади инженери
.

EVN Македонија започнува нова програма за вработување т.н. “trainees”. Програмата предвидува вработување во комбинација со посебен вид на обука на млади инженери. Вработувањето е на определен временски период, со можност за понатамошно продолжување на работниот однос.

Со цел да се овозможи нивна професионална надградба, во обуката е предвидено младите инжeнери да ротираат низ повеќе различни оддели со што ќе може да се запознаат со проблематиката и со специфичните работни процеси на компанијата во целост. Програмата овозможува размена на искуства и трансфер на знаење помеѓу македонските, но и помеѓу колегите од сите фирми-ќерки во EVN Концернот.

EVN Македонија како атрактивен работодавач, се залага за создавање и оддржување на добро образовани и квалификувани вработени кои даваат конструктивен придонес во својата секојдневна работа. Од своето пристигнување во Македонија, EVN креираше повеќе од 150 нови работни места.

Превземи во формат .doc

<<<