На почеток


Прес - 08.08.2008

ЕВН Македонија отвори Центар за односи со потрошувачите

Потрошувачите преку операторите на ЕВН Македонија ќе ги добијат сите потребни информации и совети, а ќе можат да пријават и дефекти. Центарот за односи со потрошувачи ќе работи 24 часа, 7 дена во неделата и 365 дена во годината

Скопје, 08.08 2008 -Во насока на унапредување и интензивирање на комуникацијата со потрошувачите, ЕВН Македонија го отвори својот нов Центар за односи со потрошувачите. Во Центарот за односи со потрошувачите кои ќе работи 24 часа, 7 дена неделно и 365 дена во годината, потрошувачите ќе можат да добијат одговори на сите отворени прашања, да го кажат своето мислење, да добијат совет и да  пријават дефекти.
Потрошувачите ќе можат да стапат во контакт со операторите на ЕВН Македонија преку два телефонски бреови, а разговорот ќе биде тарифиран по цена на локална тарифа.  За информации, совети и услуги, потрошувачите ќе можат да се обратат на телефонскиот број 0890 12345 додека телефонскиот број 0890 88888 е наменет за пријавување на дефекти. Од операторите на ЕВН Македонија потрошувачите можат да добијат информации за тарифите, за услугите на компанијата и совети, додека при пријавувањето на дефектите веднаш ќе бидат известени техничките служби, а потрошувачот ќе добие информација за времетраењето на  дефектот и на неговото отстранување.
„ЕВН Македонија е кориснички ориентирана компанија и задоволувањето на потребите на потрошувачите и подобрувањето на услугите е една од главните цели на компанијата. Новиот Центар за односи со потрошувачи треба да ја интензивира комуникацијата со нашите потрошувачи, што за нас е од суштествено значење бидејќи нивното мислење и сугестии за нас ќе придонесе за подобрување на услугата и взаемната доверба. ЕВН Македонија со отварањето на Центарот за односи со потрошувачи создаде работни места за 30 нови вработени„ рече Карл Хајнц Грасман заменик претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Во Центарот за односи со потрошувачи работат 22 оператори кои ќе ги примаат повиците на потрошувачите и ќе им го даваат бараните информации и инструкции. Операторите ќе одговараат на повиците на македонски и албански јазик. Центарот за односи со потрошувачи е сместен во Скопје и ќе ги прима и опслужува повиците од цела Македонија. Освен на овие два телефонски броеви, потрошувачите ќе можат да ги праќат своите прашања, мислења и сугестии и по Е-пошта на адресата info@evn.com.mk.

Превземи во формат .doc
<<<