На почеток


Прес - 09.09.2008

EVN Македонија почна со изградба на новата трафостаница во „Бунарџик“

Скопје, 04 септември 2008 – EVN Македонија почна со изградба на високонапонската 110 kV (киловолтна) трансформаторска страница за технолошко индустриската развојна зона „Бунарџик“ - инвестиција вредна над 4 милиони евра. 

„Со реализација на овие инвестиции EVN Македонија ќе обезбеди квалитетно и сигурно снабдување со електрична енергија на сите постојни и идни индустриски капацитети во слободната економска зона Бунарџик со што EVN Македонија придонесува кон индустрискиот развој на Република Македонија, како и за создавање на неопходните предуслови за привлекување на директни странски инвестиции и отворање нови работни места“, изјави Карл Хајнц Грасман, Заменик Претседател на УО на EVN Македонија по повод поставувањето на камен темелникот на новата трафостаница.
Воедно со изградбата на новата високонапонска трафостаница и далекувод се зголемува сигурноста и квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на населението во регионот кој гравитира кон слободната економска зона во кој спаѓаат населбите: Илинден, Белимбегово, Арачиново, Миладиновци, Ајватовци, Бујковци, Бунарџик, Мралино, Малино и други.
Во станицата ќе бидат вградени 2 трансформатора со можност од по 40 MVA (магаволт ампери), со можност за вградување на уште еден дополнителен транфосрматор во иднина, во зависност од динамиката на развој на зоната и потребите на потрошувачите.

Целокупната опрема за новата трафостаница е веќе набавена и пристигната во Македонија, а е произведена од најреномирани светски производители. Трафостаницата „Бунарџик“ ќе биде целосно автоматизирана што дава технична можност да биде управувана од далечина.
Во изградбата на трафостаницата се ангажирани домашни компании, а истата ќе функционира според највисоките стaндарди за квалитет и сигурност на EVN. Особено внимание при изградбата на трансформаторската станица е посветено на заштитата на животната средина за што ќе се примени страндардот на EVN за заштита на подземните води од евентуално загадување со масло кое се користи за изолација и ладење на трансформаторите.

Изградбата на трафостаницата во „Бунарџик“ е дел од потпишаниот договор со Владата на Р. Македонија од јуни оваа година со кој се предвидува и изградба на високонапонски 110 kV далекувод чиј почеток со градба ја чека завршницата на имотно - правните прашања за чие разрешување EVN Македонија побара поддршка од надлежните државни институции.

Превземи во формат .doc

<<<