На почеток


Прес - 13.10.2008

EVN Македонија Академија: Дипломи за првите електротехничари

Со програмата за преквалификација, вработени на EVN Македонија од различни технички оддели веќе се здобија со дипломи за завршено електро-техничко образование. Со оваа бесплатна програма на EVN Македонија Академијата, до крајот на учебната година се очекува да дипломираат вкупно 17 вработени кои во моментот имаат несоодветно образование за новите работни места.
 
„ Како социјално одговорна компанија, на нашите вработени им нудиме експертски обуки,  подобри работни позиции и можности за развој на кариерата. Им обезбедуваме долгорочна иднина во компанијата, нудејќи можност за личен и професионален развој“, изјави Заменик претседателот на EVN Македонија АД,  г-дин Карл Хајнц Грасман, на врачувањето на првите дипломи.

По извршената реорганизација на компанијата многу од процесите се оптимизираа и некои од старите работни функции повеќе не се потребни. За таа цел, EVN Македонија преку својата Академија, им дава можност на вработените да се адаптираат на нови работни задачи и предизвици, преку дополнителна едукација и развој на вештини неопходни за извршување на новите обврски. Освен технички обуки и школување, Академијата нуди и други тренинзи и курсеви за сите вработени, како и за сите нивоа на менаџмент.

Превземи во формат .doc

<<<