EVN Македонија ги зголеми контролите за подобрување на снабдувањето
Во пресрет на зимскиот период кога потребата и потрошувачката од електрична енергија е зголемена, EVN Македонија ја информира јавноста дека нашите екипи интензивно работеа на терен во насока на целосна проверка и подготовка на дистрибутивната мрежа. Поголемиот дел проблематични точки се санирани и целосно обновени, со што ќе се овозможи квалитетно и навремено снабдување со електрична енергија до нашите потрошувачи. Доколку сепак, се јават одредени проблеми на терен, екипите на EVN Македонија се подготвени да реагираат веднаш. Досега направените инвестиции придонесоа значитечно намалување на времетраењето на санирањето на дефектите, пред се поради подобреното снабдување, имплементирањето на новиот scada систем, подобрената опрема и заштитни уреди кои овозможуваат брзо менаџирање на мрежата.
Изминатите две години приоритет во инвестирањето имаше премостувањето на проблематичните точки особено во делови на мрежата каде не се инвестирало со години наназад.
Нелегалните приклучоци се најчестите причини за прекинините на електрична енергија и дефектите во одредени региони. За што поскоро надминување на овие проблеми отпочнавме и кампања за Легализирање на приклучокот, со што им даваме можност на сите оние кои досега не биле пријавени како наши потрошувачи да го сторат тоа доброволно без правни последици. Во спротивно доколку нашите екипи утврдат нелегално користење на електрична енергија, таквите потрошувачи ќе бидат казнети, согласно пропишаната регулатива. Истовремено апелираме и до сите потрошувачи да пријават злоупотреби или кражби на електрична енергија, како и да пријават некоректно однесување на наши вработени. Со тоа потрошувачите директно ќе придонесат за подобрување на услугите и стабилно снабдување на електрична енергија во наредниот период.
EVN Македонија продолжува со заложбите на еднаков третман кон сите потрошувачи. За да ги заштититме нашите потрошувачи ја прекинавме доставата на електрична енергија на оние потрошувачи кои со години не плаќат за потрошената електрична енергија и покрај повеќето опции кои им беа понудени од наша страна за надминување на ваквата состојба . Апелираме до сите потрошувачи рационално и одговорно да ја трошат електричната енергија во интерес на безбедно и навремено снабдување.
Превземи во формат .doc |