На почеток


Прес - 29.12.2008

Во духот на Новогодишните и Божиќните празници, EVN Македонија денеска им донираше новогодишни пакетчиња на децата во Клиниката за детски болести од Скопје, како и на штитениците од училиштето за деца со специјални потреби „Златан Сремец„. Заедно со претставниците на компанијата на доделувањето на новогодишните пакетчиња, присуствуваше и поп дивата Калиопи, што за децата претставуваше особена радост.

„ Овој наш придонес во пресрет на празниците што следат, е само мал дел од активностите што ги правиме во текот на целата година. Ова е веќе трет пат што сме овде на оваа клиника. Би сакал на сите овие дечиња да им се исполнат соништата„, рече Карл Хајнц Грасман заменик претседател на Управниот одбор на EVN Македонија.

„Со задоволство ја прифатив добрата намера на EVN и среќна сум што за момент овие дечиња ќе почувствуваат дека не се заборавени. Можам да најавам и дека дел од средствата од мојот концерт што следува во Февруари, ќе бидат донирани во хуманитарни цели.“, изјави Калиопи.

Пакетчиња се поделија и во ромскиот едукативен центар „Сумнал“.
Во насока на поддршка на социјално загрозените категории на население, EVN Македонија, ќе донира и пакети со основни животни намирници во народните кујни на Македонската православна црква (МПЦ) и Мулсиманското верско училиште во Кондово.

EVN Македонија како социјално одговорна компанија продолжува со своите донаторски активности и во следниот период.


Превземи во формат .doc

<<<