Реконструирани десет трафостаници во Скопје
EVN Македонија изврши реконструкција и пушти во употреба десет нови 10 кВ трафостаници во Скопје каде беше регистрирано зголемено оптоварување проследено со поголем број испади во мрежата овој месец. При испадите поради претовар старите трафостаници беа делумно или целосно оштетени.
Новите трафостаници се со двојно зголемен капацитет со цел постигнување квалитетна испорака на електрична енергија. Реконструкциите беа направени во повеќе скопски населби и тоа: Гази баба, Припор, Ѓорче Петров, Влае, Крушопек, Злокуќани, с.Скопско Поле, с.Лисиче, с. Сингелиќ и други.
И покрај зголемената потрошувачка поради ниските температури, овој месец досега се регистрирани помал број дефекти за околу 50% во споредба со истиот период лани.
Превземи во формат .doc
|