На почеток


Прес - 26.07.2006

Предмет: Поднесена апликација за одобрување на цена на електрична енергија за дистрибуција и снабдување на тарифни потрошувачи на мало

Како резултат на поднесеното барање од МЕПСО за повисока цена на електричната енергија и АД ЕСМ денеска поднесе апликација до Регулаторната Комисија за енергетика за менување на цената на електричната енергија.
Новата просечна цена на електричната енергија за крајните потрошувачи би требало да изнесува 3,24 денари/kWh, со што постоечките тарифи би пораснале за 14,8 %.
Поднесената апликација претставува апсолутен минимум, неопходен да обезбеди сигурност во снабдувањето со електрична енергија.

Зголемувањето на цената е последица на зголемената увозна цена на електричната енергија за повеќе од 40% споредено со минатата година. Тековните тарифи не се усогласени со Законот за енергетика, бидејки не ги покриваат вкупните трошоци за дистрибуција и снабдување на електричната енергија.

Недостигот од финансиски средства ќе предизвика стопирање на инвестициите наменети за  подобрување на енергетскиот систем, со што истиот нема да може повеќе да функционира.
Исто така, пазарните цени на електрична енергија на европско ниво двојно пораснале, откако од 2001 година не се случиле било какви  промени на цената  на електричната енергија во Македонија.
Споредено со цените на електрична енергија во 25 европски и земји од регионот каде просечната цена е 14,5 Евроценти, цените во РМ се екстремно ниски и во моментот изнесуваат 4,5 Евроценти.
Дури и со вкалкулирање на новите цени, во Македонија тие се под нивото на било која европска земја (колку за споредба во Романија цените се 9 Евроценти/kWh, а во Хрватска, 8 Евроценти/kWh).
Дополнителен проблем се слабата наплата и високиот процент на кражба на електрична енергија. Ако овие два фактора не се подобрат, цената на електричната енергија и во иднина ќе расте, а трошоците ќе паднат на товар на потрошувачите.


Превземи
во формат.doc

<<<