EVN Македонија – креатор на нови вработувања и квалификувани кадри
Во EVN Македонија во последните две години, 220 млади стручни кадри ја отпочнаа својата кариера на различни позиции во компанијата.
Искуството и знаењето што компанијата им го пренесува преку својот организиран систем на едукација и професиoнална наобразба cе клучен фактор за развивање и градење на нов, млад и ангажиран професионален кадар од областа на енергетиката.
Процесот на вработување е целосно транспарентен, а вработувањата се направени според критериуми со кои се избираат најсоодветните кадри.
Минатата година EVN Македонија воведе и програма преку која ги вработува и квалификува најдобрите студенти од Електротехничкиот факултет. Преку оваа програма се вработија и квалификуваа 16 дипломирани електро инженери.
„ Најважен фактор за успехот на една компанија се нејзините вработени. И покрај тешката економска година, EVN Македонија ќе продолжи да креира нови работни места во Република Македонија и да им дава шанса на најдобрите кадри“ изјави Георг Валднер, Претседател на УО на EVN Македонија.
EVN Македонија континуирано инвестира и во едукација на своите вработени и подобрување на работните вештини. Повеќе од една година во рамките на компанијата фукнционира и EVN Академијата, која нуди бесплатна едукација, доквалификација и прекфалификација за вработените. Во овие програми вклучени се околу 2000 вработени, и нивниот број секојдневно расте.
EVN Македонија е постојано присутна на настани за регрутирање на нови кадри и е во постојана соработка со организации кои што се грижат за заштита на правата на вработените.
Превземи во формат .doc |