На почеток


Прес- 26.02.2009

EVN Македонија воведува нова технологија за читање на броила
Првиот пилот проект стартува од КЕЦ Аеродром

Состојбите на броилата за месец февруари за потрошувачите кои припаѓаат под Кориснички енерго центар Аеродром, за прв пат ќе бидат прочитани користејќи т.н. рачни компјутери за отчитување.
Рачните читачи претставуваат новитет во Македонија. Се користат во развиените земји и значително ја подобруваат ефикасноста и точноста на читањето. Тие се специјални електронски уреди преку кои податоците од броилото автоматски и без грешки се внесуваат во базата на податоци.

Конкретните придобивки за потрошувачите се редовно отчитување од први до први секој месец, точност при отчитувањето, брза обработка на податоците, а како резултат на тоа и побрзо доставување на сметките до потрошувачите.

„Го пренесуваме нашето знаење и искуство од EVN Групацијата воведувајќи нова технологија која ќе ги подобрува услугите кон нашите потрошувачи “ изјави Георг Валднер, Претседател на УО на EVN Македонија.

Бидејќи се работи за пилот-проект, паралелно со новиот начин на читање, состојбите на броилата засега ќе се читаат и на традиционален начин, како досега. Целта е да споредат податоците добиени на двата начина и да се осигура точноста на истите.
Пилот проектот опфаќа околу 15 000 потрошувачи во првата фаза  и претставува почеток на имплементацијата на новата технологија на територијата на целата Република, во сите Кориснички енерго центри на EVN Македонија.

Превземи во формат .doc

<<<