На почеток


Прес - 02.03.2009

EVN Македонија со двојно намалени дефекти во мрежата

EVN Македонија регистрираше намален број на интервенции во мрежата за 50%  во првите два месеца од годината  во однос на истиот период лани.  Овој процент е поголем на високо и средно напонско ниво, додека во нисконапонската мрежа забележани се  околу 25% помалку  дефекти во однос на ланските јануари и февруари, иако во неколку дена од јануари годинава  беше забележана рекордна потрошувачка на дневна основа во историјата на дистрибутивниот систем. 

Позитивниот ефект при намалување на прекините на електричната енергија се должи на континуираните инвестициони зафати во  делови од мрежата каде  во минатото се случуваа  чести испади, како и на реализираните инвестиции согласно програмата на компанијата за подобрување на квалитетот на испорака.

Брзата интервенција,пак, за санирање на прекините  се должи на добро подготвените теренски тимови, воведувањето на Скада системот за брза локација на дефекти, како и на позитивната  повратна врска на Центарот за односи со потрошувачи, каде граѓаните пријавуваат прекини на електрична енергија. По секоја пријава, доколку се утврди дека дефектот е во мрежата на EVN Македонија, екипите веднаш добиваат налог за негово отстранување.

Превземи во формат .doc

<<<